За нас

Во Радио Буба мара работат 10 луѓе или двојно повеќе од оние кои се радуваат на резултатите од апликацијата „Мој воздух“.

Формирана во април 1995 година, Радио Буба мара за кратко време стана една од најслушаните радио-станици во Скопје. Тајната на успехот ја знаат само сопствениците на радио-приемници,  кои од 1995 година се принудени да ја слушаат и меморираат само френкфенцијата на Радио Буба мара. Другата тајна ја знае Управниот Одбор на Радио Буба мара, кој ангажираше цела армија лобисти, инспектори, пајак служби и други слободоумни фактори да ги притиснат граѓаните до трето колено да ја меморираат единствено фрекфенцијата  105,2 ФМ.

(Сообраќајната полиција, на пример, при рутински контроли пред да им побара на запрените возачи дозвола најпрвин проверуваше дали  радиото во автомобилот им е наместено на најдобрата радио фрекфенција, потоа бараше возачка дозвола – ако се сети) .

Пред студиото на Радио Бубамара е секогаш интересно

Граѓаните со мал отпор го прифаќаа овој притисок кој, за разлика од другите секојдневни (политички, економски и крвни) притисоци, го сметаа за задоволство, а ретките исклучоци кои не се согласуваа да слушаат Буба мара, експресно и во голем број беа испраќани на работа или студирање во странство од каде беа принудени да не слушаат преку интернет со цел да ја формираат нашата таргет-група од 400.000 интернет слушатели.

Нашите иселеници се сретнаа во новото студио на Радио Бубамара

(На најдобрите и најлојалните слушатели како награда им беше доделувана  партиска книшка без нивна желба и убедување. А на најупорните и најголеми фанови и по некој фиктивен кредит, министерска позиција, градежна маркица во зелен појас или мрсна јавна набавка со наместен тендер. Признаваме – ги користевме сите општоприфатени, секојдневни животни практики).

Сепак, и покрај тоа, Радио Буба мара по многу нешта е посебна, искрена и единствена, особено за  сите кои  можат да препознаат чист воздух во етерот, фин  хумор и сатира и музика за добро расположение, па со задоволство сме препорачани пред нашите, огласувачи и маркетинг агенции.

Ги прославуваме двата гола на Горан Пандев против Реал Мадрид

Тамара пее – Бубамара е моето омилено скопско радио

Дубиоза колектив и Бубо Каров ги разиграа посетителите во новогодишното студио 2014 година


Current track

Title

Artist