
„Лесно“, ново музичко остварување од Влатко Стефановски и Александар Масевски
“ЛЕСНО” е насловот на песната која произлезе од соработката меѓу Влатко Стефановски и Александар Масевски. Оваа спонтана соработка на обострано задоволство вроди со музичка креација која е лесно слушлива и има модерен призвук, а карактеристичниот звук на гитарата на Стефановски, како и неговата изведба ги прикажува во малку поинакво светло.




