“ЛЕСНО” е насловот на песната која произлезе од соработката меѓу Влатко Стефановски и Александар Масевски.
Оваа спонтана соработка на обострано задоволство вроди со музичка креација која е лесно слушлива и има модерен призвук, а карактеристичниот звук на гитарата на Стефановски, како и неговата изведба ги прикажува во малку поинакво светло.
Од денеска, песната „ЛЕСНО“ е хит на Радио Бубамара и можете да ја слушате на секои два часа.