Нова песна, нови ‘Идеали’ – Викторија Ефтимова

Младата кантавторка Викторија Ефтимова (21) го објави својот десетти сингл „Идеали“, таа е комплетен автор – текст, музика и аранжман.

Викторија е креативна во секој дел од денот, а инспирација за мелодијата и текстот ѝ се секојдневни случки и луѓето околу неа. Таа е искусна и во класичната музика – студира соло пеење на Факултетот за музичка уметност во класата на Весна Ѓиновска-Илкова.

Викторија досега има напишано 214 песни, многу од нив сè уште неиздадени. Новиот сингл ќе биде дел од нејзиниот албум кој треба да излезе до крајот на годината.

https://www.youtube.com/watch?v=ugXqRCRHHok&t=1s