Марко Кутлиќ со песната „Uzmi i drugi dio mene“ победник на Zagrebački festival 2026

Пејачот и автор Марко Кутлиќ е победник на Zagrebački festival 2026 со песната „Uzmi i drugi dio mene“, која предизвика силни реакции кај публиката и жирито и се истакна како една од најемоционалните изведби на фестивалот.

Песната, чиј автор е познатиот композитор Мирослав Рус, настанала неочекувано, но, како што вели Кутлиќ, токму во „совршен момент“. Иако првично немал план да ја снима ниту да ја изведе на фестивал, првото слушање било пресудно.

„Не можев да останам имун на ова дело. Не ја планирав, но веднаш знаев дека мора да ја снимам,“ изјави Кутлиќ, додавајќи дека песната со текот на времето добила многу лично значење за него

.https://www.youtube.com/watch?v=BWmUV9gOZQ4

Видеоспотот за песната го потпишува режисерот Филип Гржинчиќ, добитник на Порин, кој создаде минималистичка и емотивна визуелна приказна. Според него, спотот ја прикажува внатрешната борба и дијалог на уметникот со самиот себе.

Марко Кутлиќ е препознатлив глас на регионалната поп сцена, познат по своите емотивни балади и искрен пристап кон музиката.

Со победата на Zagrebački festival 2026, Марко Кутлиќ уште еднаш потврди дека e еден од најавтентичните автори на современата регионална сцена, а „Uzmi i drugi dio mene“ веќе се издвојува како песна која допира и остава силен емоционален впечаток кај публиката. По премиерната изведба на песната на Zagrebački festival, Кутлиќ го очекува концерт во рамки на турнејата „Moram dalje“, кој ќе се одржи на 22 мај во „Погон култура“ во Ријека.