Легендите не заминуваат – тие живеат низ своите песни. Владо Јаневски

Животната сцена на 28 јуни ја напушти Владо Јаневски, некрунисаниот крал на баладите во домашната музика. Имаше 65 години, стотина хитови, десетици евергрини и уште многу неиспеани песни.

Беше голем пријател на Радио Бубамара. На неговата музика секогаш со радост и сентименти и се враќавме. Во разни прилики и по разни поводи.

Зашто Владо умееше нештата да ги срочи и да ги отпее на најромантичниот начин. Низ годините на неговата кариера го следеа и наградите – Златна Бубамара на популарноста.

За хит на годината.. За албум на годината… За текстописец на годината.. . За концерт на годината. Последната Златна Бубамара ја прими годинава во февруари – за трајни вредности. За најдоброто од Владо Јаневски. Мирен пат, пријателе