Популарниот регионален стенд-ап комичар Goran Vinčić Vinča беше гостин во Радио Бубамара, каде во опуштена и духовита атмосфера ја најави својата нова турнеја и третото самостојно шоу „Комедијата е сериозна работа“.

Винча откри дека новиот материјал е најзрелиот што досега го има подготвено – остар, искрен и без филтер, инспириран од секојдневието, општествените апсурди и реалноста во која живееме.
Во разговорот тој зборуваше и за претстојната премиера пред македонската публика, која ќе се одржи на 8 мај во Филхармонија, нагласувајќи дека публиката може да очекува вечер полна смеа.
Подгответе ги стомачните мускули — ќе ви требаат.