Влатко Стефановски го промовираше новиот албум „Muscle Memory“ во Радио Бубамара

На 23 март, виртуозот на гитара Влатко Стефановски гостуваше во Радио Бубамара промовирајќи го својот нов авторски албум „Muscle Memory“, кој излезе на 20 март. Слушателите во друштво на Јасна Франговска и Влатко Стефановски имаа можност да ги чујат најновите композиции, а Влатко најави и промоција во Аудиокултура, Скопје.

Пред промоцијата во својот град, на 26 март ќе има промоција во Сплит.

Многу сум задоволен од албумот, во него нема ни тон повеќе ни тон помалку – изјави во ексклузивното интервју Влатко Стефановски.

Албумот е достапен како компакт-диск, дигитално издание и на винил, со девет нови песни што комбинираат прогресивен рок и фјужн, со препознатливата гитарска виртуозност и емотивна длабочина на Стефановски.

Песната Таму некаде во моментов е Бубамара ХИТ!

https://www.youtube.com/watch?v=28Nm_tNCGhU