Владимир Четкар најавува мајски концерти во Охрид, Скопје и Будимпешта

Македонскиот кантавтор и изведувач со интернационална кариера, Владимир Четкар, во мај ќе одржи серија концерти во три различни градови – Охрид, Скопје и Будимпешта.

Турнејата започнува на 1 мај во Охрид, каде Четкар ќе настапи во Хотел „Су“, лоциран покрај градскиот кеј. Потоа, на 7 мај, ќе се претстави пред скопската публика во просторот на Јавна Соба / Public Room.

Музичката приказна ќе заврши на 30 мај во Будимпешта, со концерт во Budapest Jazz Club, еден од најреномираните џез клубови во Унгарија.

На сите три настапи, Четкар ќе изведува исклучиво авторски материјал од своите четири студиски албуми, а на сцената ќе биде придружуван од врвни музичари од Македонија и Унгарија.

Серијата концерти носи спој на џез, соул и современ звук, претставен преку препознатливиот стил на Четкар и неговата интернационална музичка енергија.