Велигденски концерт на Националниот ансамбл „Танец“

Подгответе се за незаборавно патување низ времето, каде традицијата се среќава
со современиот израз! Националниот ансамбл за народни игри и песни на
Македонија „Танец“, ве поканува на својот традиционален Велигденски концерт, со
насловот „Велигденско празнување“ кој оваа година носи посебна порака и
енергија поврзано со моќното мотото на новата концертна сезона „Пулсот на
предците во ритамот на денешницата“ „Танец“ ќе претстави програма која е
мост помеѓу вековното наследство и модерниот сензибилитет.


Очекувајте Безвременски кореографии, моќни гласови на хорот и солистите,
раскош на македонските народни носии, секоја со своја приказна и вез, концерт кој
го слави животот и воскреснувањето на традицијата во новото време.
 Датум: 08.04.2026 година ( среда )
 Место: Македонски народен театар, Скопје
 Почеток: 20:00 часот


Билетите ќе бидат достапни на билетарницата на МНТ и онлајн преку
официјалната мрежа на МНТ.


Придружете ни се во Македонскиот народен театар, каде сцената ќе пулсира со
енергија на нашите предци, интерпретирана од професионалноста на врвните
уметници на „Танец“.