Бубамара хит – “Срце скршено” од Влатко Стефановски

Ви ја претставуваме песната „Срце скршено“ од новиот авторски албум на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски – Muscle Memory, кој ќе биде достапен за продажба од 20 март како компакт-диск, дигитално издание и винил.

Песната е хит на Радио Бубамара!

https://www.youtube.com/watch?v=ueDp3bpXl9o

На албумот има четири инструментални композиции и пет песни со текст, а покрај неверојатните гитарски сола на Влатко Стефановски и неговото карактеристично чувство за мелодија, песните како Модерни времиња, насловната Muscle MemoryФалиш миСрце скршено и други звучат продукциски и изведбено на светско ниво.

Muscle Memory е уште еден доказ за она кон што Влатко Стефановски се стреми во текот на целиот свој уметнички пат –постојано истражување, поместување на сопствените граници и создавање уникатен музички израз. Со врвни инструменталисти, гости на албумот: Звјездан Ружиќ на мелотрон, Дамир Имери на клавијатури, Горан Папаз на саксофон, како и постојаните членови на неговото трио – Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара – новиот албум ги спојува виртуозноста, емоцијата и богатото музичко искуство, потврдувајќи ја извонредната креативност на еден од најзначајните гитаристи на овие простори.