Александар Тарабунов ја објави својата нова песна „ПЕЈ“ – Бубамара ХИТ!

Македонскиот пејач Александар Тарабунов ја објави својата нова песна „Пеј“, која доаѓа со искрен и автентичен видеоспот снимен на островот Хвар во Хрватска.

Тарабунов за песната „ПЕЈ“ вели:
„Ова е проект во кој ја вложив целата своја емоција, искреност и душа – и во музиката, и во текстот, и во аранжманот. Бев изненаден колку природно песната доби светски звук и атмосфера. Пред создавањето, интензивно слушав музика од Chris Rea, Barry White и Simply Red, чија естетика и емоција несвесно ме инспирираа да создадам топол и квалитетен звук со интернационален призвук.

„ПЕЈ“ е искрена песна, создадена од љубов кон музиката и со желба да допре вистински до слушателот.

https://www.youtube.com/watch?v=QvwHOKOX9cw