Нина Бадриќ, омилената хрватска музичка дива, со месеци ја радува својата верна публика со низа нови песни, меѓу кои се издвојуваат хитовите како #onokad и страсната балада „Како си “.
Сега публиката ја израдува со нејзиниот нов сингл „Moji ljudi“, кој се издвојува како најлична песна од претстојниот албум. Оваа песна носи посебен емотивен набој и доаѓа во пресрет на долгоочекуваното издание на нејзиниот нов албум и најавените концерти во регионот. Скопскиот концерт е закажан за 27 октомври во Македонската Филхармонија.
Нина гордо истакнува дека песната „Moji ljudi“, ја напишала пред речиси четири години, а за неа има длабоко лично значење. „Во срцето знам кому му ја посветив“, вели Нина, објаснувајќи дека песната носи искрена емоција која зборува за враќање кон себе, за знаењето што го носи животот и за затворање на кругот на животот.