Влатко Стефановски вечерва со концерт на „Охридско лето“ одбележува пет децении музичка кариера

Mакедонскиoт амбасадор, Влатко Стефановски, вечерва на Античкиот театар ќе прослави половина век музичка кариера во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе започне во 21 часот.

Гости на концертот се Дамир Имери, Иван Кукиќ, Јан Стефановски и Горан Папаз. 

Од Охрид почнува славеничкиот јубилеј дома и во регионот. На 14 декември Стефановски ќе има концерт во салата „Јане Сандански“ во Скопје, на 16 декември во Белград, а на 18 декември во Загреб.