Владо Јаневски ќе одржи концерт во „Антички театар“ – Охрид. Настанот е закажан за 10 август.
На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја.
Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежата на kupikarta.com.
