Ѓоко Танески ќе прослави 30 години успешна кариера со големиот концерт кој ќе се одржи на 20 јули 2024 година, со почеток во 21:00 часот на сцената на Античкиот Театар во Охрид.
„Најдоброто од Ѓоко Танески“ е насловен концертот на кој охридскиот музичар ќе го придружуваат „Камерениот Оркестар” од Битола”, како и специјалните гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.
На 20 јули, кај и да си, во Охрид да си, порачуваат од тимот на Танески.
