Снимката од 27-то издание на Златната бубамара на популарноста, вечерва (3 март), со почеток во 19,30 ќе биде емитувана на телевизијата Канал 5 и на програмата на Бубамара радио.

На четиричасовната манифестација, на која настапија повеќе од 200 учесници со два ревијски оркестри, неколку танчерски групи, актери, пејачи и музички ѕвезди од домашната и од регионалната сцена, се доделени 25 награди во разни категории и се разгледани, низ хумористична перспектива, општествените прилики кои беа актуелни годинава.

Значи, вечерва ја гледаме Златна Бубамара на телевизијата Канал 5 и ја слушаме на 105,2 на следниот линк:
Дополнително, можете да гледате и на нашиот You tube канал:
Уживајте !
