Слушнете ја новата верзија на „Новогодишна општонародна“ на К-15

Легендарните Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров од хумористичната емисија „К-15“ снимија нова верзија на нивниот музички хит „Новогодишна општонародна“, а на социјалните мрежи напишаа:

„Другари и другарки, Ви посакуваме среќни празници, многу здравје и љубов, со надеж дека животите ќе ни станат подосадни, а нашите скечеви веќе нема да се толку реални… Благодарност за целата поддршка и љубов низ сите невремиња“.

Аранжманот е дело на Александар Митевски, а спотот е во режија на Жарко Димитриоски.