Со промоцијата на композицијата „Како во сон“, дуото Силви бенд деновиве го најави новиот истоимен албум. Песната отскокнува од досега познатиот звук на Силви бенд и има лесна џези димензија, што ја прави особено шармантна. „Како во сон“ е резултат на музичката работилница Мучиќ – Плевнеш. Музиката ја напиша Бобан Мучиќ, братот на Силви, текстот е на Силви Мучиќ Плевнеш, а аранжманот на Влатко Плевнеш.
Во изведбата на оваа сентиментална композиција, за која Силви вели дека е „создадена со многу љубов“, и се придружува и Џон Илија Апелгрин и младиот гитарист Дамјан Пејчиновски.
Песната „Како во сон“ има и видео-запис, кој може да се види на следниот линк