По минатогодишниот незаборавен концерт, Сергеј Ќетковиќ повторно се враќа на сцената на Античкиот театар во Охрид.
На 9 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, црногорскиот кантавтор, заедно со својот бенд, ќе приреди музичка вечер во рамките на турнејата „Live Tour 2026 – 5.0“.
Публиката ќе ужива во неговите најголеми хитови, искрени емоции и препознатливата атмосфера со која Сергеј создава посебна врска со своите слушатели.

„Охрид има посебна душа. Секогаш кога настапувам тука чувствувам дека пеам пред пријатели, а не пред публика“, вели Сергеј Ќетковиќ.
Концертот е во организација на Евентум продукција, а билетите се достапни преку продажната мрежа на e-ticket.mk.
9 август – Антички театар Охрид. Вечер за љубов, музика и спомени што остануваат.