Нашиот врвен гитарист Владимир Четкар по големата светска турнеја, на 20 септември – петок, со почеток во 22 часот ќе одржи концерт во Скопје во Lounge Restaurant Trend & Bistro London на Плоштад Македонија.

Четкар ќе настапи со сопствена авторска програма и аранжмани кои ќе варираат од Џез до Диско жанровите поврзани меѓу себе преку софистицираните улички на Соул и Фанк музиката.
На концертот во Скопје, македонскиот музички амбасадор ќе биде придружуван од врвни македонски музичари и инструменталисти како Ѓоле Максимовски на бас, Дино Милосављевиќ на тапани, Филип Стевановски на тромбон, Демир Кантуровски на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон и Филип Димишковски на клавијатури.