Што се случува кога животот ќе стане најголемиот автор на твоите песни?
Давид Темелков го знае одговорот — но не го изговара. Тој го пее.
По забележаниот прв албум и низа емотивни синглови кои го најдоа патот до срцата на публиката низ целиот регион, Давид се враќа — позрел, поавтентичен и похрабар од било кога. Неговиот втор студиски албум „Слушај животот штом диктира“ не е само збирка песни. Тоа е личен дневник, запис на емоции кои не можат да се премолчат, и повик да го чуеме она што најчесто молчи во нас.

Во целост кантаторски, албумот носи 13 музички приказни — секоја поинаква, секоја искрена. Темелков ја потпишува музиката и текстовите, а со продуцентот Кристијан Синковиќ го споделува и потписот на аранжманите. Албумот го носи печатот на издавачката куќа „Identity Media“.
Од насловната песна „Слушај животот штом диктира“, преку емотивната „Добра ноќ анѓелу“, до боемскиот диптих „Седам ночи, седам дана“ и огнената „Цигане“ — секој тон има своја причина, а секој збор свое време. Албумот крие и посебни моменти: песна во две верзии, италијански „допир“ во „Cuore fragile“, како и македонската химна „Мојата Македонија“ која на Давид му донесе признание и популарност во татковината. Овој албум повикува да му веруваш – бидејќи секоја нота носи вистина, а секоја емоција во него има свое место.
Не бара да го објасниш. Бара да го — слушаш.
Затоа што, понекогаш, животот ги диктира најубавите мелодии.