Нина Бадриќ освојува со новата песна „Како си“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на својот 52 роденден ја објави новата песна наречена „Како си“ која можете да ја слушате на 105. 2 фм.

„Како си“ е уште една од 12-те песни од новиот албум на Нина со наслов #Onokad

„Албумот е готов, а јас сум многу нестрплива да и ги претставам сите песни на публиката. Песната „Како си“ зборува за тоа колку малку луѓе всушност се грижат за тоа како навистина сме. Живееме во време на отуѓување, а оваа песна е токму за тоа дека срцето ни крвари пред очите на светот, а малкумина застануваат и покажуваат вистинска грижа“, изјави Нина за песната.

Песната е придружена со видео запис: