Многу љубов и емоции на концертот на Ѓоко Танески кој прослави 30 години успешна музичка кариера

„Најдоброто од Ѓоко Танески“ беше насловен концертот со кој охридскиот музичар прослави 30 години на сцената, на домашен терен, за првпат во Античкиот театар во Охрид.

Ѓоко Танески на настапот го придружуваа „Камерениот Оркестар” од Битола, како и специјалните гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

Драган Мијалковски во чест на легендарниот пејач Зоран Георгиев кој е по потекло од Охрид ја испеа неговата „Еден бакнеж“.

Песните звучеа многу побогато во придружба на Камерниот оркестар од Битола со кој диригираше Владимир Димовски и Никола Мицевски како гостин на клавијатури.

Бројната публика уживаше со најголемите хитови на Ѓоко Танески: „Една љубов имам“, „Збогум најмила“, „Мој пријателе“, „Расцветај“, „Јас ја имам силата“ и останатите хитови од изминативе три децении.

Фото: СМАРТ.СДК.МК