Меморија ја преработи песната „Јано“

Групата Меморија ја промовираше новата верзија на стариот хит, со име Јано.

Во аранжман на Петар Георгиевски, Јано е преработка на Јана мома на групата Триангл, снимена 1975 на музика на Кокан Пандиловски и Борче Стоевски. Песната Јано е снимане во студиот Тра-ла-ла во продукција на Мите Димовски и Давор Јовановски, а дел е од новиот албум на Меморија, кој ќе се појави на крајот на годината.

Неделава ќе ја слушаме како хит на 105,2.