На 29. издание на „Златна Бубамара на популарноста“, американската соул ѕвезда Марта Хај приреди незаборавен настап исполнет со емоција и енергија.
Легендарната вокалистка, која 34 години му беше придружен глас на Џејмс Браун, допатува специјално од САД за да ја добие наградата Lifetime Achievement Award за својот придонес кон музиката и трајните вредности што ги создаде.

„Многу сум горда што ќе можам да ја однесам оваа награда назад дома во Америка. За да им покажам дека соул музиката е во срцата на луѓето низ целиот свет, а особено во Македонија“, рече Хај по приемот на наградата.

Настапот на Марта Хај, полн со силни вокални изведби и заразна енергија, ја разигра публиката и го претвори сценскиот момент во вистински светски музички спектакл, додека Златна Бубамара ја потврди својата репутација како еден од најзначајните настани во регионот.