Легендите живеат вечно, втора година по ред во Македонска Филхармонија

Концертот „Легендите живеат вечно“, посветен на македонските музички великани, втора година по ред ќе се одржи во Филхармонијата на 4 октомври од 21 часот.

Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Ивона Јо и други пејачи ќе ги пеат хитовите на Тоше Проески, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски- Бојс, Пепи Бафтировски, Есма Реџепова, Гоце Арнаудов и Зафир Хаџиманов во придружба на камерен оркестар.

Минатата година, на 28 октомври се одржа првиот дел од овој концерт, а организаторите поради интересот на публиката уште тогаш најавија дека во 2024 ќе има продолжение.