Македонската поп-дива Калиопи по девет години пауза со незаборавен концерт остави трага во многувековната историја на археолошкиот локалитет Хераклеа.
Битолската Хераклеа беше претесна и преполна. Претесна да ја собере публиката, а преполна со емоција која кај присутните може да ја разбуди само Калиопи.

Концертот го започна со новиот, за многумина, летен хит „Ела, ела“, а го заврши со легендарниот евергрин „Бато“.
Изненадување за публиката беше изведбата на „Главо луда“ од Чолиќ и „Македонија“ од Дадо Топиќ. А за сам крај таа ги остави култната „Бато“ и евровизискиот хит „Црно и бело“.
Следна концертна дестинација на Калиопи на 2 Август е Античкиот театар во Охрид, по што следува концертот во Скопје на 19 октомври.
