„Код 369“ заедно со Мила снимаа видео запис за „Конкретно“

Битолската група „Код 369“ годината ја започнаа со снимање на нов видео запис во соработка со младата и талентирана Мила од Србија, а под капата на Кроација рекордс. Се работи за темата „Конкретно“, по текст на Мила, музиката е на Даниел Митревски, а аранжманот на КОД.

„Во Битола многу ми се допаѓа, се чувствувам добредојдено од првиот момент кога пристигнав. Овој град многу брзо ми прирасна за срце, а за тоа се најзаслужни моите колеги Ирена и Даниел од Код 369. Нашата соработка е некако меѓунардона и преку музиката ги спојуваме нашите држави: Македонија, Србија и Хрватска“, рече Мила.

Код 369 минатата година имаа повеќе концерти, а интензивното освојување на музичката сцена, не само во Македонија, туку и во регионот продолжува и оваа година. Формирани се во 2020 година. Потпишаниот договор со „Кроација рекордс“ им ги отвори вратите кон целиот регион.