Јован и Елвир со регионални и домашни ѕвезди на иста сцена

jovan elvir

Двајцата музичари, кои одбележаа цела една ера на македонската сцена, на големо се подготвуваат за концертот кој ќе биде исполнет со хитови, носталгија, емоции и врвна продукција.

Јован и Елвир и претходно најавија неколку музички гости, а сега ги открија и нивните имиња – на сцената со нив ќе се појават и ПајакТони ЗенМаја СаздановскаАдријан Гаџа од Македонија, а од регионот Слаѓа Делибашиќ и Џус, но и специјален гостин изненадување (чие сценско име почнува на буквата В).

Концертот веќе предизвикува огромен интерес кај публиката , а билетите, кои се во продажба преку MKTickets, брзо се распродаваат и веќе се во ограничен број.

Концертот е замислен како „Сензација во бело“, а Јован и Елвир се надеваат дека публиката ќе го следи дрес-кодот на вечерта и ќе дојде облечена во бела гардероба за уникатна визуелна атмосфера.

Не го пропуштајте концертот на 6 јуни – настан на кој старите друштва ќе се сетат на времето кога излегувале во диско, родители кои со носталгија ќе ги пеат хитовите на Елвир и Јован со своите деца, тинејџери кои на ТикТок снимаат видеа со нивните песни. Ова е еден концерт за цела Македонија и за сите генерации.