По концертот кој многумина го прогласија за еден од најубавите музички настани минатото лето, Јелена Розга повторно доаѓа во Охрид.
На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, една од најголемите регионални поп-ѕвезди ќе настапи на сцената на Античкиот театар, во рамките на својата летна турнеја и прославата на 30 години успешна музичка кариера.
Публиката ќе има можност во живо да ја слушне и нејзината нова песна „Љуби ме“, која неодамна беше премиерно претставена на фестивалот „Мелодии на Јадранот“ во Сплит.

„Минатогодишниот концерт никогаш нема да го заборавам. Охрид има посебна енергија и едвај чекам повторно да пееме заедно“, порача Јелена Розга.
Концертот е во организација на Евентум продукција, а билетите се веќе во продажба преку e-ticket.mk. Доколку сакате да бидете дел од уште една незаборавна летна вечер исполнета со хитови, емоции и уникатната атмосфера на Античкиот театар – резервирајте го 29 јули во вашиот календар.