Јелена Розга со нова моќна балада!

Прекрасната Јелена Розга, минатата недела ја претстави новата песна „Свето писмо“и видео записот за истата, на нејзиниот YouTubе канал.

„Оваа песна е моќна и нè тера да размислуваме сите, и го наметнува прашањето што и самата си го поставувам, дали е љубовта навистина доволна за една врска да опстои и да ги преживее сите несогласувања?“, изјави Јелена Розга.

Инаку, новата љубовна балада ја напишаа Тончи и Вјекослава Хуљиќ, а видеото е снимено во прекрасниот Дубровник, чии sидини и плоштади се самите посебно импресивни.

Видеото е режирано од долгогодишниот соработник на Јелена, Дарио Радусин.