Турнејата „Ja za čuda letim“ пристигнува во Охрид

Балканската музичка сензација Јаков Јозиновиќ ова лето повторно доаѓа во Македонија. По спектакуларните концерти и распродадените сали низ регионот, турнејата „Ja za čuda letim“ продолжува и во Охрид.

На 3 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, сцената на Античкиот театар ќе биде домаќин на музички спектакл под отворено небо.

Публиката ќе има можност во живо да ги слушне песните од актуелниот албум „Ja za čuda letim“, но и безвременските хитови кои станаа заштитен знак на неговите концерти.

Јаков Јозиновиќ е еден од најбараните млади изведувачи во регионот. Публиката ја освои со своите искрени интерпретации, харизмата и новата енергија што им ја дава на безвременските песни на Оливер Драгојевиќ, Здравко Чолиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Тоше Проески и многу други музички великани. Неговиот хит „Ja volim“ стана вистински регионален феномен, а годинава беше прогласен и за Откритие на годината на „Златна Бубамара на популарноста“.

Ако сакате незаборавна летна вечер исполнета со емоции, безвременски хитови и магичната атмосфера на Охрид, резервирајте го 3 август. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, Јаков Јозиновиќ ќе приреди концерт што долго ќе се памети.