Александра Радовиќ ја објави својата нова песна – „Iz petnih žila“

Новата музичка приказна на Александра е авторско дело на Александра Милутиновиќ, која ги потпишува музиката и текстот, додека аранжманот го направија Александра Милутиновиќ и Махир Сарихоџиќ.
Песната пристигнува во период исполнет со важни моменти за пејачката. Александра Радовиќ ќе одржи голем концерт на 30 јули во Античкиот театар во Охрид, каде публиката ќе има можност во живо да ги слушне нејзините најголеми хитови, но и новата песна „Iz petnih žila“.
Нејзината популарност и влијание на регионалната музичка сцена оваа година беа потврдени и со признанието на „Златна Бубамара на популарноста“, каде Александра Радовиќ ја доби наградата за најпопуларна пејачка во регионот.