Популарниот српски женски бенд Фрајле, за почеток на есента го објави својот нов сингл со наслов „Moje duse dusa“.
Песната зборува за љубовта на душите, носи нежност и емотивност, истовремено оставајќи впечаток на светлина и надеж. Бендот е музички попродуктивен од кога било порано, а нивниот препознатлив дух доаѓа во ново руво со посебна сила.
Текстот за песната го напиша Јелена Буча, музиката ја компонираше Невена Буча, а аранжманот и продукцијата ги потпишува Махир Сарихоџиќ. Фрајле летово беа активни на концерти ширум регионот, а нивните фанови наскоро ќе имаат да ја слушнат новата песна и на концертите.