Драган Мијалковски го отвори „Карпошово културно лето“

Легендарниот Драган Мијалковски, со своите безвременски хитови, ги отвори вратите на овогодинешното Карпошово културно лето- 2023. Стотици грла се сплотија пеејќи ги најголемите хитови евергрини „Кажи нешто драга“, „Кажи зошто ме остави“, „Скопје радост моја“ и многу други, вчеравечер на платото Млечен, кој беше претесен за љубителите на големата музичка ѕвезда Драган Мијалковски.

Имено, кралот на македонските шлагери по пет годишна пауза повторно се враќа на сцената, со што ќе ја одбележи својата богата 60 годишна кариера, како едно од најголемите музички имиња во нашата земја но и на поранешните ЈУ – простори.

Карпошовото културно лето годинава ќе се одржува на две локации, на платото пред Млечен и плоштадот Делфина во населбата Влае. И оваа година, програмата е прилагодена за сите генерации која ќе биде исполнета со перформанси за децата, младите и повозрасните.