Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во преполниот „Сава центар“ во Белград каде гости му беа музичарите Мирослав Тадиќ и Златан Стипишиќ Џибони.

„Искрено ви благодарам што го наполнивте „Сава центар“ и што ме поддржувате повеќе од 50 години“, рече Стефановски, откако сам го отвори концертот со акустична гитара и „Приспивна за Радмила М.“
Потоа му се придружи легендарниот гитарист Мирослав Тадиќ, а заедно ги отсвиреа „Дафино вино црвено“, „Македонско девојче“, „Еј момче охриѓанче“ и „Бог да ги бие дебрани“ и беа наградени со громогласни овации.
Тогаш се крена завесата зад која беше бендот „Влатко Стефановски трио“, со тапанарот Јан Стефановски и басистот Иван Кукиќ, кои свиреа и песни од „Леб и сол“.
Следен гостин беше познатиот кантавтор од Сплит, Златан Стипишиќ Џибони, кој ги испеа сите негови хитови заедно со Влатко Стефановски.
Влатко Стефановски, најголемиот Македонец во 20 и 21 век и мој пријател“, рече Стипишиќ.
Концертот заврши со легендарните песни „Учи ме мајко, карај ме” и „Скопје“.
Фото:Tanjug/Nemanja Jovanović