„Дента кога наполнив 45“ – нова музичка приказна од Нокаут и Брејк

Македонскиот поп-рок бенд „Нокаут“ ја објави својата најнова песна „Дента кога наполнив 45“, реализирана во соработка со Брејк. Премиерата на синглот доаѓа непосредно пред големиот славенички концерт на бендот, кој ќе се одржи на 9 мај во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје.

Ова ново издание носи зрела, емотивна и современа музичка приказна, со препознатливиот печат на „Нокаут“, но и освежен звук кој ја проширува нивната музичка насока.

„Дента кога наполнив 45“ обработува тема која ретко се отвора на ваков начин во домашната музика – животниот пресврт во средните години. Песната зборува за преиспитување, лични дилеми, избори што сме ги направиле и луѓето што остануваат или исчезнуваат по патот.

Музички, композицијата е модерно обликувана фанки поп-рок нумера со заразен ритам, силна мелодија и впечатлив рефрен, кој лесно останува во сеќавање.

Песната е резултат на проверена креативна соработка:

Музика: Никола Перевски Пере

Текст: Игор Џамбазов

Продукција: Никола Перевски – Пере и Дарко Димитров

Овој тим уште еднаш потврдува дека комбинацијата на искуство, креативност и современа продукција резултира со препознатлив и квалитетен звук.

https://www.youtube.com/watch?v=ZYqJGbBSY9g