Delegation ја разигра публиката на 29. издание на “Златна Бубамара на популарноста”

На сцената на 29. издание на „Златна Бубамара на популарноста“, британската соул и фанк сензација Delegation приреди настап кој ја разигра публиката и беше пречекан со бурни аплаузи.

Настапот на Delegation беше вистински светски музички спектакл, полн со емоции.

Срцето и гласот на групата е незаменливиот Ricky Bailey, основач и водечки вокал кој уште од 1976 година ја води Delegation до интернационален успех.

Со нивните најголеми хитови како „You and I“, „Darlin’ (I Think About You)“, „Oh Honey“, „Where Is the Love“, „Heartache No. 9“, и „ Put a little love on me “, песни кои ја дефинираа ерата на британскиот соул и фанк продолжуваат да пленат и денес. Тие ја добија наградата за животно дело.

Најсветското издание на „Златна бубамара на популарноста“ се одржа на 26 февруари во салата „Борис Трајковски“ и беше исполнета до последното место.