Давид Темелков и Северина ќе одржат концерти во Крива Паланка

Мегапопуларната пејачка Северина настапува утре на градскиот плоштад во Крива Паланка како главна ѕвезда со која ќе бидат заокружени фестивалските прослави посветени на патрониот општински празник „Свети Јоаким Осоговски“ – 29 Август и на Денот на рударите – 28 Август кога воедно се прославува и Голема Богородица.

За големиот празничен концерт со една од најпопуларните регионални музички ѕвезди, кралицата на сцената, чии хитови се неодминлив дел од секоја забава, веќе се најавени голем број посетители и гости од цела Македонија и од регионот.

Пејачката е миленик на публиката од сите генерации, а особено е атрактивна со своите сценски настапи, со кои ги поместува границите и ги диктира трендовите, па така ќе ги разигра и разубави и празнувањата во Крива Паланка.

Пред Северина, настапува Давид Темелков, кој ги освои срцата на сите со хитовската песна „Мојата Македонија“, а фестивалските празнувања ќе бидат затворени истата вечер по настапот на Северина, со концерт на енергичните, моќни и оригинални BRASS Brothers.

Мега спектакуларниот концерт на Северина и останатите концерни настапи се реализираат во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.