Хрватската рок легенда Дадо Топиќ го објави новиот студиски албум под наслов „Поново на цести“, кој содржи десет песни и од сега е достапен и на CD.
Албумот претставува спој на врвна авторска екипа и богата продукција. За најголемиот дел од музиката е заслужен Брано Ликиќ, кој воедно е и продуцент на албумот, а остатокот од авторската екипа ја сочинуваат Радоман Кањевац, Јосип Слишко, Душко Трифуновиќ, Неџад Беговиќ и Мирослав Пиљ.
Во текот на повеќе од пет децении на музичката сцена, Дадо Топиќ остави неизбришлива трага како еден од најхаризматичните и највлијателните рок пејачи на овие простори.
Новиот албум „Поново на цести“ можете да го купите по цена од 10 € на Croatia Records Webshop.