Клаудија Чулар, ПР и уредник во Кроација Рекордс и извршната директорка на оваа дискографска куќа Маја Видмар беа гости во студиото на Радио Бубамара.
Во Скопје се поради промоцијата на двата нови албуми на Влатко Стефановски, „Muscle memory“ и „Guitar sings“, објавени под етикетата на Кроација рекордс. Албумот Guitar sings e дел од големиот зафат „Хитмејкер“ на Кроација рекордс, во кој се објавени ремастерирани најголемите хитови на композиторот Ѓорѓе Новковиќ, а Влатко Стефановски за овој проект ги отсвире вокалните партии на овие хитови во албумот „Гитарата пее“.
Репризата ќе можете да ја слушате во недела во 8 и 30 ч. на фрекфенциите на Радио Бубамара.

Кроација рекордс е меѓу водечките дискографски куќи во поширокиот регион. Наследник е на Југотон, веројатно најдоминантната музичка куќа во поранешната заедничка држава. Во 1991 по распаѓањето на Југославија, некогашниот Југотон, основан 1947, го менува името во Кроација рекордс.
Денес оваа дискографска куќа има водечко место во хрватската дискографија, а уделот во производството на носачи на звукот и на нејзините подизведувачи во сите музички сегменти – од класична, поп до етно музика, е високи 70 проценти.
