Интернационален натпревар во пеење на песните на Тоше Проески во Скопје

На 12 октомври 2024 година, во Македонската опера и Балет, во организација на „Естрада мултимедија центар“ првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“. На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји, како Русија, Украина, Малта, Израел…

Повеќе »

„Денови на македонскиот мед“ од 26 до 29 септември!

Пчеларското здружение ,,Матица” Скопје по 20. јубилеен пат ја организира манифестацијата ,,Денови на македонскиот мед’’. Во период од 26 до 29 септември 2024 година, на улицата ,,Македонија” во центарот на Скопје, повеќе од 30 индивидуални пчелари ќе се претстават со богата понуда на различни видови мед и други пчелни производи.

Повеќе »

Поетски концерт на Тихомир Јанчовски во Лабораториум

Културниот центар Лабораториум со гордост го најавува поетскиот концерт на еден од најистакнатите современи македонски поети, Тихомир Јанчовски, кој ќе се одржи во среда, на 25-ти септември 2024 година, со почеток од 20:00 часот. Оваа уникатна вечер ќе биде посветена на промоција на неговата последна збирка поезија „Граматика на љубовта“,

Повеќе »

Со песната „Југо“ најавен последниот албум на Масимо Савиќ

Последниот албум на хрватскиот пејач Масим Савиќ (1960-2022) „Evergreen vještina“ ќе излезе на крајот на ноември, а најавниот сингл „Југо“ кој излезе неодамна е хит на Радио Бубамара во моментов. Пред објавувањето на винилот, на 12 ноември, пријателите и колегите на Савиќ ќе одржат концерт „За Масимо – Мали круг

Повеќе »

Меморија ја сними песната „Мој народе“ пред концертот во Скопје

Пред концертот на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, „Меморија“ сними нова песна насловена „Мој народе“. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а песната е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски, кој заедно со Давор Јордановски се продуценти на песната. Извршен продуцент е Петар

Повеќе »

Фински радио-аматери ја уловија Радио Бубамара на ФМ

Радио-аматери од Финска викендов со радост ни пишаа дека минатата недела на 13 септември успеале да ја слушаат програмата на Радио Бубамара на 105.2 MHz. Радио хобистот (DX-слушател) Џим Солати во пораката објаснува дека секое лето е можно да се слушнат далечни FM радио станици, благодарение на спорадичните пропусти во

Повеќе »