Јоце Панов ја претстави својата најнова песна „Нема жена како тебе“, придружена со емотивен видеоспот кој веќе го привлекува вниманието на публиката.
„Нема жена како тебе“ е класична љубовна песна која говори за безусловна љубов, посветеност и благодарност кон жената што го менува животот. Со искрен и топол текст, песната ја доловува трансформацијата што љубовта ја носи, од хаос до мир, од зима до лето.
Музиката е дело на Бане Опачиќ, додека текстот е препев на Весна Малинова. Аранжманот, кој носи современ, но емотивно богат звук, е потпишан од Марко Цветковиќ, кој воедно учествува и како мултиинструменталист.
Уживајте во песната и видеоспотот!