Музички вести

Започна продажбата на билети за 29. Златна бубамара на популарноста

todayDecember 29, 2025 823

Background
share close

На 72 часа пред 2 јануари се пуштени во продажба билетите за најновото издание на Златна бубамара на популарноста, кое ќе се одржи на 26 февруари 2026 во арената „Борис Трајковски“.  https://mktickets.mk/event/zbm29/

Ве очекуваме со целата расположлива механизација, да се дружите со целата наша организација!

Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, омилената манифестација – сатирично и музички ќе ја раскаже изминатата 2025 година, заедно со најпознатите уметници од Македонија, регионот и светот.

Оваа година за прв пат на Златна Бубамара ќе имаме можност да видиме една голема светска музичка легенда со респектирачко музичко порфолио, која ќе ја откриеме на 10 дена пред настанот.

Ќе се смееме, аплаудираме, пееме и играме во досега најспектакуларното издание на најголемото музичко шоу на Балканот.

Билетите се пуштени во он-лајн продажба преку сервисите на www.mktickets.mk www.karti.com.mk

или директно https://www.karti.com.mk/zlatna-bubamara-2026.nspx

Од 3 јануари мал дел од билетите ќе бидат пуштени во продажба во „аналогна“ продажба преку цвеќарницата „Розе Веро 2“.

Секој посетител на своето седиште ќе има гратис Пролом вода.

Дослушање, догледање,

Ваша,

Радио Бубамара

Дома

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%