На 17 ноември во 20 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се отвори изложбата „Надеж – светлина низ темнината“ на визуелната уметница Ана Митевска, под кураторство на Јасминка Намичева.
Циклусот е интимно патување низ бојата и тишината – сведоштво дека светлината секогаш постои, дури и во темнина.
Изложбата ја придружува легендарната песна „Во облак сонце“ (1974) – со текст на Драган Михајловски, музика на Илија Пејовски и Константин Коце Икономов, победнички изведена од Маја Оџаклиевска, а во ново издание на Александар Митевски и Ана Петановска.
Изложба што пее за животот – тивко, но светло.
Автор: Ана Митевска
Куратор: Јасминка Намичева
Место: Младински културен центар – Скопје
Отворање: 17 ноември 2025 (понеделник), 20:00 ч.
Музички сегмент:
„Во облак сонце“ – текст: Драган Михајловски
Музика и аранжман: Илија Пејовски и Константин Коце Икономов
Победничка интерпретација: Маја Оџаклиевска (1974)
Нова верзија: Александар Митевски
Вокал: Ана Петановска
