Mak Folk Biseri Mak Folk Biseri
play_arrow
LIVE BACKUP
play_arrow
LIVE
play_arrow
RadioBM Prilep
play_arrow
Mak POP-ROCK
play_arrow
ExYU POP-ROCK
play_arrow
ExYU hits
play_arrow
80s hits
play_arrow
Love songs
play_arrow
Radio Stip
play_arrow
Lounge bar
play_arrow
Mak folk
play_arrow
Funk & Jazz
МАКЕДОНСКАТА КРЕАТИВНА СЦЕНА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО
Со наши деца, наши музичари, наши хористи, пејачи, танчери и играорци, писатели, ликовни уметници и филмови!

Од 18 до 29 август, во Општина Карпош ќе уживаме во манифестацијата „Карпошово културно лето“, која ќе понуди богата и разновидна програма со учество на домашни уметници од различни области. Со оваа манифестација ќе се прикаже креативната енергија и културниот потенцијал на уметниците кои живеат и творат во Општина Карпош, како и најголемите музички имиња и уметници во Македонија.
Настаните ќе се случуваат на повеќе локации:
кај Млечен ресторан
во дворот на црквата „Света Троица“ во Бардовци
на тревникот кај кулите во Козле
на Летната сцена кај карпа на кеј

Манифестацијата ќе биде отворена на 18 август во 20:00 часот на платото кај Млечен ресторан, со голем концерт на легендите на македонската забавна музика.
Настапуваат реномирани и млади изведувачи – од легендите Зорица Поп Панкова, Драган Мијалковски, Сашо Гигов Гиш, Џон Илија Апелгрен, Тања Тас, до младата ѕвезда Ана Петановска, во придружба на оркестарот на Радио Бубамара под водство на маестро Дамир Имери.

На 28 август, во дворот на црквата „Света Троица“ во Бардовци, концерт ќе одржат фолк легендите на народната музика – Наум Петревски, Ефто Пупиновски, Зуица Лазова, Ленче Кукиќ, Благоја Груевски, Смиља Митревска и други, во придружба на оркестарот на Радио Бубамара под водство на маестро Дамир Имери.

Во рамките на манифестацијата, свои самостојни концерти на платото кај Млечен ресторан ќе имаат мултиинструменталистот Александар Јовевски, претставувајќи го својот нов албум „Од колено на колено“.
Свој концерт ќе има и виртуозот на хармоника Мишел Трајковски со неговиот оркестар.

Ексклузивно на Карпошово културно лето, по одржани 40 концерти низ целиот свет, концерт на изворни песни и ора ќе одржи Ансамблот на Стевче Стојчевски, насловен „МакЕдинство“.

Предвидени се две танцувачки вечери на платото кај Млечен ресторан, со настапи на клубовите „Денсерс Јунајтед“ и „Еурека“, чиј членови се светски и европски прваци во латино танци, хип-хоп и модерни танци.
Своја вечер ќе има и популарното академско уметничко друштво АКУД „Мирче Ацев“, со настап на академскиот хор и играорната група.
Овој настан ќе биде како мала најава за нивниот голем Фолклорен фестивал на солидарноста, кој ќе се одржува во наредните денови во Скопје.
Поезија, музика и филм
Поетско-музичката вечер со наслов „Волкот на љубовта“ ги обединува поетот Тихомир Јанчовски и музичарот Бранислав Николов (Фолтин), со гостување на Андријана Јаневска. Настанот ќе се одржи на Летната сцена кај карпата на Кеј.
Во рамки на програмата, на 19 август ќе биде отворена и ликовната изложба „Капка уметност“ на Елена Галика, на платото кај Млечен ресторан.

„Летното кино“ под отворено небо ќе го прикаже македонскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, на тревникот кај кулите во Козле, до ООУ Владо Тасевски.
Со ваква внимателно конципирана и жанровски богата програма, целта е да се задоволат различни вкусови и интереси. Сите настани се со врвна содржина, базирана исклучиво на домашен потенцијал, која во августовските вечери ќе донесе дополнително задоволство за сите жители и гости на Карпош.




Written by: radiobubamara_editor
1
Нокаут
2
Давид Темелков
3
Дарио