Музички вести

Најдоброто од Игор Џамбазов на голем концерт на „Антички театар“

todayJune 2, 2025 80

Background
share close

„На 19-ти јули сите патишта ќе водат кон Охрид, а ние со особена чест и на ваше големо задоволство ви го најавуваме концертот на македонскиот актер и музичар Игор Џамбазов. На 19-ти јули 2025 година на Антички театар со почеток во 21 часот публиката ќе има можност да го слушне „Најдоброто од Игор Џамбазов“ – порачуваат организаторите на големиот концерт на отворено во Охрид.

На сцената ќе го придружува и неговиот блуз – соборец Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, “Труба” „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, “Македоникејшн” „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“.

Влезниците ќе бидат достапни уште од оваа среда 4-ти јуни, а истите можат да се набават преку продажната мрежа на: www.mktickets.mk

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply


0%