Музичкиот и мултимедијален уметник Лазар Аврамовски деновиве го објави своето најново музичко и видео дело. Овој пат тој ја обработи „Седна баба да вечера“.
„Во овој аранжман сакав да ја доближам младата публика до изворните народни песни преку диско-фанк-соул реаранжман“, напиша во промотивните материјали за аранжманот и видеото Аврамовски.
Главни вокали во изведбата на „Седна баба да вечера“ се Светлана Јовановска, Тања Кочовска и Јелена Јованова, а придружни вокали се на Ана Костадиновска, Сара Пројковска и Ивана Гешовска.
Не пропуштајте да ја видите и чуете оваа урнебесна и извонредна интерпретација – македонската традиција никогаш не звучела вака свежо и забавно!
Спотот е правен со помош на вештачка интелигенција.