play_arrow
LIVE BACKUP
play_arrow
LIVE
play_arrow
RadioBM Prilep
play_arrow
Mak POP-ROCK
play_arrow
ExYU POP-ROCK
play_arrow
ExYU hits
play_arrow
80s hits
play_arrow
Love songs
play_arrow
Caffe radio
play_arrow
Lounge bar
play_arrow
Mak folk
play_arrow
Funk & soul
todayOctober 21, 2024 444
Долгоочекуваниот и навистина спектакуларен солистички концерт на Калиопи во скопската арена „Борис Трајковски“, која беше исполнета до последното место ќе се памети долго.
Истиот започна со препознатливите ноти на евергринот „Обои ме“ и наредните три часа арената звучеше топло, пријатно и ги доби најубавите чувства, музика, глас, грандиозност, убавина. Едноставно арената никогаш не звучела поубаво.

Калиопи никогаш досега немала концерт во арената „Борис Трајковски“, сѐ до (19 октомври), кога ја наполни салата и на спектакуларен начин одбележа 40 години на сцената и 40 години соработка со Ромео Грил.
Гостин на концертот беше Мартин Маринковиќ Слаткар, а освен нивниот дует „Казна“, заедно ја отпеаја и неговата песна „Да полетам“.
Освен него, на сцената дојде и Жељко Самарџиќ, со кого го има хитот „Знам“.
„Месечина“, „Најмила“, „Обои ме“, „Црно и бело“, „Дали ме сакаш“ – таа ги отпеа нејзините најголеми хитови, а му оддаде посебна чест на нејзиниот поранешен сопруг и соработник Ромео Грил, кого го покани на сцената и заедно ја изведоа легендарната „Бато“ од која сите се ежат.

Калиопи вети дека нема да ја чекаме толку долго за следен концерт туку дека догодина на нов концерт ќе ги испее сите песни кои не беа на репертоарот овојпат.

Written by: radiobubamara_editor
1
Gabi Novak & Royal Philharmonic Orchestra
2
Ana Petan & Dado Topić
3
Marija Mirkovic
Post comments (0)